
Диетата која опфаќа поразновидни намирници, подразбира и внесување на повеќе калории.
Според истражувањето кое го пренесува Daily Mail, направено од страна на научниците од Универзитетот во Бафало, постои пропорционална врска меѓу вишокот на калории во организмот и разновидната храна.
Групата на нутриционисти сметаат дека додека монотонијата на оброците е пресудна за витката линија, а разновидните оброци значат и повеќе калории.
На пример, жените кои во текот на една недела секојдневно јадат макарони со сирење внесуваат 100 калории помалку за разлика од неделата кога консумираат разновидна храна.
Можеби причината за тоа е тоа што јадењето иста храна секој ден здосадува, па по одреден период внесувате се помалку од истата.
NotForMen препорака: Истражувањата велат за диетите...
Истражувањето во целина покажува дека без разлика колку килограми има лицето, секогаш диетата која опфаќа поразновидни намирници, подразбира и внесување на повеќе калории.
Сепак, се уште не е познато дали и колку оваа храна резултира со намалена енергија, колку време е потребно за да се засити човекот од одредена храна или колку сличните јадења го предизвикуваат ефектот на монотонија.
„Трикот е во балансирањето на овој ефект (ефектот на монотонијата) со важноста на разновидната, здрава исхрана“ вели нутиционистката Shelley McGuire.
| 20% од жените постојано се изложуваат на диета |
Околу 20% од жените постојано започнуваат некаква диета, а 30% редовно практикуваат физичка активност, но сепак не успеваат да ослабат.
“Виновници” за прекумерната телесна тежина не секогаш се преголемата количина на храна или слабата подвижност. Разновидното мени, освен бавниот метаболизам може да резултира со постепено дебелеење.
















































