
Слатките намирници ја успоруваат работата на мозокот, бидејќи организмот е зафатен со дегустирање на слаткиот вкус на материјата.
Според најновите истражувања слатките намирници ја успоруваат работата на мозокот бидејќи организмот е зафатен со дегустирање на слаткиот вкус на материјата.
| 71% од истражуваните се поспани поради високото ниво на шеќер |
Во истражувањето се наведува дека дневната поспаност може да биде последица на присуството на висококалорична храна во организмот поради што мозокот ја контролира нејзината преработка, а не останува енергија за другите активности.
NotForMen препорака: Масната храна е чекор кон депресија
Со помош на магнетна резонанца истражувачите проучувале 12 здрави личности на возраст од 19 и 45 години.
Консумирањето на висококалоричната храна, а најмногу чоколадите, карамелите и кексите било причина за поголема пасивност во извршувањето на дневните активности.
Дури кај 71% од истражуваните слатката храна била причина за намалена енергија за дневните активности, односно намалена работоспособност.
Објаснувањето за ова експертите го бараат во брзиот раст на нивото на шеќер во крвта, а потоа нагло намалување како последица на што метаболизмот се забавува, а телото чувствува замор.
Според резултатите поголемата поспаност е поврзана дури и со визуелната перцепција на сликата со слатки работи, така да нареден пат размислете пред да го задржите погледот на излогот од слаткарницата со убаво украсени мафини.
















































