
Не одете си од работа само поради тоа што немавте прилика на глас да го кажете својот став
Стресот на работа е причина за голем број болести, но спас има! До него дојдоа психолозите од Британија. Резултатите од нивното истражување беа презентирани за време на конференцијата во Брингтон, каде беше кажано дека здравјето на вработените зависи од комуникацијата со шефот.
ЗА ВРАБОТЕНИТЕ!!!
Не заминувајте од работното место лути и нервозни кога знаете дека ви беше нанесена неправда. Доколку молчите и собирате во себе, не само што ќе се разболите туку ќе дојдете до фазата кога нема да сакате никогаш да се појавите на работа.
Психолозите се сложија дека стресот и депресијата што ги носи работата, значително ќе се намалат доколку вработениот има слобода да го каже сопственото мислење. Позитивните ефекти се двострани, вработените ќе бидат многу посреќни, додека шефовите располагајќи со повратни информации од потчинетите ќе станат поделотворни во своето поле.
Во студијата биле опфатени околу 150 менаџери и 500 вработени. Било потврдено дека онаму каде што нема слобода на комуникација постои поголем стрес и помал успех во работата генерално за целата компанија.
ЗА ШЕФОВИТЕ!!!
Ако сте шеф, еднаш во годината дајте им прашалник на своите вработени за да ја оценат работната атмосфера и да дадат свои предлози што треба да се смени на работното место. Така ќе имате увид за тоа како функционираат работите во вашиот сектор или фирма. Потрудете се анкетата да биде анонимна.
















































