
Со помош на Latisse, трепките се 25% подолги, 106% погусти и 18% потемни
Густи, темни и издолжени трепки...сето тоа благодарение на револуционерното откритие познато како маскара. Но, по се изгледа и дојде крајот. Очекувајте дека природните трепки ќе изгледаат исто како од рекламните спотови, само што нема да мора да фрлате пари за ексклузивните маскари.
Новиот производ се тестира во Британските болници врз жените што се незадоволни од природниот изглед на трепките. Станува збор за проѕирна течност што се нанесува на трепките, а што дава потполно ист ефект како и маскарата.
Еден третман со проѕирната течност позната како Latisse, чини 100 фунти, а резултатите што по правило треба да се појават после 16 третмани, останува да ги почекаме.
Во САД ваквиот препарат веќе има дозвола за да се појави на пазарот, а жените што го испробаа ја потврдија неговата ефикасност.
Со помош на Latisse, што исто така се нанесува со четка, трепките се 25% подолги, 106% погусти и 18% потемни.
Ваквиот препарат во САД, најмногу им се препорачува на жените што како последица на хемотерапија ја изгубиле косата, а понекогаш и трепките.
















































