
Единствено Французите им даваат предност на вистинските состаноци исполнети со многу романтика
Луѓето радо би го поминале Св. Валентин со домашното милениче отколку со партнерот, тоа го покажала анкетата спроведена во 23 држави. Единствено Французите им даваат предност на вистинските состаноци исполнети со многу романтика.
| 25% од луѓето, сакаат Валентин да го поминат со миленикот во однос на партнерот |
Анкетата спроведена во 23 држави во која биле испитани 24 илјади возрасни луѓе, покажала дека 21% од возрасните, преферираат Денот на вљубените да го поминат со домашното милениче отколку со партнерот. Тоа не е случај со Французите - само 10% од нив се одлучиле за миленикот во однос на партнерот.
John Wright, потпретседател на Ipsos, што ја спровел анкетата, вели дека 25% од луѓето на возраст до 35 години, за Св. Валентин го сакаат друштвото на домашното милениче, во споредба со луѓето од 35 до 54 години, каде таквиот случај изнесува само 18%, а кај постарите од 55 години процентот е уште помал -14.
Еве како изгледаат резултатите во поедините држави:
ЗА СЛАВЕЊЕ СО ДОМАШНОТО МИЛЕНИЧЕ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ:
ТУРЦИЈА- 49% се одлучиле за домашното милениче во однос на партнерот, по нив следува ИНДИЈА -41%, ЈАПОНИЈА- 30%, КИНА-29%, АМЕРИКА-27%, АВСТРАЛИЈА-25%.
ЗЕМЈИ ШТО СЕПАК ГО ПРЕФЕРИРААТ ПАРТНЕРОТ:
ФРАНЦИЈА-само 10% се одлучиле за миленикот, МЕКСИКО-11%, ХОЛАНДИЈА-12%, УНГАРИЈА-12%.
















































