
Новите истражувања спроведени во Австралија, откриваат дека засладените пијалаци ги намалуваат агресивните и стресните ситуации.
Истражувањето е направено на 80 испитаници, половина од нив пиеле сок со шеќер, а другата половина сок со плацебо. Потоа вештачки им биле создадени стресни ситуации за да се забележи нивното однесување.
Резултатите покажаа дека оние испитаници кои пиеле сок со шеќер, реагирале помалку агресивно во стресни ситуации за разлика од оние кои пиеле сок со плацебо.
















































