
Спoред истражувачите, комуникацијата е основа врз која се градат успешните врски.
Според последнoтo истражувањe кое го пренесува Daily Mail, новопечените брачни парови кои имаат или се стремат да се здобијат со повеќе пари, всушност имаат повеќе проблеми за разлика од паровите кои не поседуваат големи финансиски средства.
Истражувачите кои работеле под водство на Jason Ceroll, професор на Универзитетот во Brigham, консултирале околу 1.734 парови во брак од кои се барало да го кажат своето мислење за сопствената врска и партнер.
| 10-15% епостабилен бракот доколку финансиите не се ставени на прво место |
Паровите кои сметале дека парите не им се важни имале за 10-15% поголема стабилност во бракот во споредба од оние на кои парите им менувале многу работи во животот.
Тоа би значело дека доколку ја занемарите финансиската состојба квалитетот на бракот може да се подобри за 10- 15%.
NotForMen препорака: Спасете го бракот од рецесија
„Кај паровите каде и двајцата партнери се материјалисти, меѓусебните односи се полоши во секој поглед. Кај нив постои една позната шема која укажува на нарушување на комуникацијата, тешко решавање на конфликтот и слаба наклонетост кон партнерот.“ - вели Ceroll.
Спoред истражувачите комуникацијата е основа врз која се градат успешните врски. Прекинот во комуникацијата значи и нарушување на квалитетот на врската или бракот.
Финансиското богатство евентуално би можело да ја разбие монотонијата во врската, но тоа влијае со само околу 3% за квалитетот на врската.
Во просек, партнерот од секој петти пар признавал дека сака да имаат многу пари. Иако тие парови биле финансиски стабилни, многу често парите биле проблем во нивната врска.
Голем број од претходните истражувања покажале дека парите не се предусов за успешен брак и семејна благосостојба.
„Понекогаш, луѓето се лажат себеси за тоа колку им е важна љубовта. Можеби треба да застанат и убаво да погледнат каде го движат животот." - вели Ceroll.
















































