
„Деловните жени почесто се недостапни и тоа дополнително ги стимулира мажите.“ - смета John Barnett.
Според резултатите од едно неодамнешно истражување, женската деловна моќ е главен афродизијак за современите мажи, пренесува Daily Mail.
| 18% од мажите бараат позитивни партнерки |
„Дури две третини од мажите се восхитуваат на жените со успешна кариера. Времињата кога тивките жени посветени на домаќинството се сметаа за машки идеал се одамна зад нас. Денес мажот е убеден дека жената треба да биде моќна на деловно поле и со сексуален изглед.“ - се вели во истражувањето.
Истражувачите сметаат дека тоа не се должи само на промената на улогите на половите во општеството и достапноста на жените на повисоките хиерархиски позиции, туку и на економските параметри.
NotForMen препорака: Атрактивен изглед за поголема плата
Според резултатите, 66% од мажите ги привлекуваат моќни и финансиски независни жени, а во категоријата од 30-40 години тој процент ја достигнува цифрата од 71%. Значаен дел од нив признаваат дека тоа се должи на финансискиот аспект.
„Деловните жени почесто се недостапни и тоа дополнително ги стимулира мажите.“ - смета John Barnett.
Податоците велат дека 18% од мажите бараат позитивни и оптимистички настроени партнерки, 14% способни самите да заработуваат, а 35% од мажите се палат на „лоши девојки“ какви што се Angelina Jolie и Megan Fox.
Истражувањето покажало дека 60% од жените посакуваат мажи на високи работни позиции, а секоја шеста жена ја привлекува лошо момче каков што е Colin Farrell.
















































