
Само четири од десет млади луѓе на возраст помеѓу 18 и 34 години веруваат во брак
Најновите истражувања на British Social Attitudesa покажаа дека само четири од десет млади луѓе на возраст помеѓу 18 и 34 години веруваат дека бракот е најдобриот вид на однос, а додека пак бројката на пензионерите во врска со истото прашање е осум од десет.
Двојно повеќе млади во однос на постарите генерации, сметаат дека мајките треба да почнат да работат со полно работно време тогаш кога нивните деца ќе почнат да одат во школо.
Овие резултати од истражувањето, во кое учествуваа 4.000 луѓе, покажаа дека само 27% од нив на возраст од 18 до 34 години сметаат дека семејството страда ако жената работи, а само 38% од истата возраст сметаат дека бракот е најдобриот облик на врска и односи, наспроти 84% од постарите генерации.
















































