
Скршеното срце е признат медицински синдром што се појавува после голем психички и емотивен стрес
Оние што поминале низ фазата на раскинување, добро знаат како изгледа страдањето и парализираноста што ја носи таквото чувство. Да се потсетиме како изгледаше тоа: не ви се јаде, не ви се спие, немате волја за живот, а со врските завршивте за навек.
Според последните медицински објави, скршеното срце е признат медицински синдром што се појавува после голем психички и емотивен стрес. Што значи, партнерот не секогаш е виновен за оваа болест. Болеста - скршено срце може да настане и како резултат на раскинато пријателство или сериозна кавга со родителите, барем така објаснуваат психолозите.
Според испитувањата, синдромот на скршено срце најчесто се појавува кај луѓето кои претрпеле загуба во семејството.
СИМПТОМИ НА БОЛЕСТА...
Во симптоми на „болеста" спаѓаат отежнатото дишење и болки во градите. Добрата вест е тоа што ваквата состојба трае релативно кратко време, личноста се враќа во нормала за неколку недели.
КАКО СЕ ПОЈАВУВА БОЛЕСТА...
Под дејство на емотивната или психичката траума, доаѓа до покачување на хормонот адреналин во подрачјето на срцето. Пациентот чувствува налет на топлина, а всушност доаѓа до замрзнување на левата комора, оневозможувајќи правилно пумпање на крвта.
















































