
Најчест повод за женското неверство бил недостатокот од внимание од партнерот.
Најновото истражување направено во Америка покажало дека жените почесто имаат афери за разлика од мажите. Во истражувањето учествувале околу 3.000 возрасни жени.
Во последната деценија, женското неверство е пораспространето дури за 31% повеќе отколку во минатото. Но постои и противтеза дека тоа се должи на отвореноста на жените, односно дека тие полесно би го признале „гревот“.
| 55% од женските неверства се последица на недостигот на внимание од партнерот |
Една петтина од жените кои извршиле неверство го сториле тоа во ноќните клубови, додека четвртина со некој од колегите на работното место.
55% признале повод за тоа бил недостатокот на внимание во врската или бракот со партнерот, а една третина мислат дека мажите често добиваат погрешен впечаток за флертот.
Повеќе од 30% од испитаничките истакнале дека неверството се случило сосема случајно и тоа откако флертот излегол од контрола.
NotForMen препорака: Женското неверство - причина за инфаркт кај мажите
„Нашето истражување говори за тоа дека жените сметаат дека флертувањето е безопасно, па затоа неверството може лесно да се прости. Интересно е тоа што голем број жени велат дека воопшто немале намера да извршат неверство, туку дека тоа едноставно се случило“, изјави еден од експертите на истражувањето.
Истражувањето исто така покажува дека најпривлечни за жените се странците, бидејќи токму со нив можат да се впуштат во авантура, која понатаму лесно ќе се заборави.
Поголемиот број од испитаничките рекле дека не можат да си го замислат животот поминат само со еден партнер.
















































