
Mажите денес сакаат прибрани девојки со оглед на фактот дека преовладува трендот на повеќе соблечени, отколку облечени девојки.
Најновото истражување потврдува дека жените за машкиот пол се двојно попривлечни во текот на зимата, пренесува магазинот The Journal.
Студијата покажува сосема поинаква димензија за женската привлечност, односно делот од женската кожа кој се гледа под зимската облека може да биде доволен за да мажите се возбудат.
Во текот на истражувањето мажите оценувале фотографии на жени и тоа во различни годишни сезони. Највисоко оценети биле жените на фотографиите во текот на есента и зимата.
Научниците веруваат дека дури и годишното време може да има влијание врз изборот на мажите, како и на степенот на изневерување кој е поголем во студените денови.
NotForMen препорака: Убавината и критериумите за партнер
„Не постои јасно објаснување за ова, но се смета дека во текот на летото голите женски тела се премногу експонирани и лесно може да се предвиди што има девојката под облеката, но не и во зима. Токму поради тоа, кога ќе видат дел од голата женска кожа, тие лесно се возбудуваат. “ - се наведува во статијата.
Изгледа дека мажите денес сакаат прибрани девојки со оглед на фактот дека преовладува трендот на повеќе соблечени отколку облечени девојки, покажале дополнителните истражувања, а дел од истражуваните мажи изјавиле дека плетените капи и шалови, кадифените баретки и капути и крзнените чизми може да бидат дури и посекси од бикините и исончаниот тен.
Жените ова истражување го коментираат како добар почеток да почнат да веруваат во зимската романтика, а не да посегнат да го фрлат и последното парталче од своето тело.
















































