
Женската убавина зависи од тоа колку си давате комплименти самите на себе!
За сопствената убавина сметаме дека одговорни се гените и негата што му ја даваме, и што можеме да си ја дозволиме, на нашето лице и тело. Но, по се изгледа жените се во голема заблуда. Онаа реченица во која ретко веруваме, дека убавината доаѓа од внатре се покажала како вистинита. Официјално е потврдено дека убавината на жената зависи од сопствениот начин на кој што таа се доживува себе си.
Ќе се изненадите од фактот дека просечната жена во себе носи 36 негативни мисли, а токму тие влијаат на лошиот изглед. Тоа го докажала Nikki Owen (психијатар) со помош на необичниот експеримент.
ЕКСПЕРИМЕНТОТ НА NIKKI OWEN СО ЈАБОЛКО!

Лево, јабокото што добивало комплименти; Десно, јаболкото што трпело навреди.
Јаболкото исто како и човекот во себе содржи висок процент на вода, 60%, додека човекот 70%. Во експериментот била искористена само една јаболка. Била пресечна на половина и двете парчиња биле чувани во посебни тегли. Едната половина од јаболкото постојано слушала навреди за тоа како е невкусна и дека лошо изгледа, додека другата половина секој ден добивала комплименти. Резултатот после една недела бил повеќе од очигледен...„навредуваното" јаболко побрзо се распаѓало за разлика од другото.
Ваквиот експеримент се темели на она што одамна се обидува да го докаже јапонскиот научник, Masaru Emota. Тој презентирал експеримент во кој обликувањето на водените кристали зависи од мислите и зборовите на луѓето.
Козметичарите ја прифаќаат ваквата теорија на позитивно мислење, велејќи дека човековиот став делува на имунолошкиот систем и на општата состојба на организмот, а сето тоа се рефлектира и на изгледот.
















































