
Лидерите со широки лица остваруваат за околу 40% поголема финансиска добивка
Група истражувачи од Велика Британија и САД утврдиле дека обликот на главата на директорот може да покаже дали компанијата ќе биде успешна во иднина.
Обликот, односно ширината на лицето може да биде пресудна за професионалниот успех на една личност, а исто така покажува и дали таа ќе го почитува моралот на другите или не.
Со претходните истражувања не се успеало „емпириски да се откријат физичките особини кои се предиспозиции за успешно лидерство“, но ова истражување се служело со математичка алатка – размерот помеѓу ширината и висината на главата.
NotForMen препорака: 5 работи кои секоја жена треба да ги знае за своето тело
Експертите, исто така направиле анализа и врз лицата на студентите кои покажаа дека „оние кои имале пошироки лица полесно ја добиваат битката на преговори и почесто користат измами за да добијат повеќе пари. “
| 40% е поголема финансиската добивка кај директорите со широки лица |
„Ние ја идентификуваме кокретната физичка особина и структурата на лицето на лидерите кои се во корелација со нивната организациска способност.
Конкретно, лидерите со широки лица остваруваат за околу 40% поголема финансиска добивка.“ се наведува во статијата од Лондонската школа за бизнис.
Како дел од истражувањето бил анализиран обликот на лицето на лидерите на вкупно 55 организации кои остваруваат високи приходи и имаат илијадници вработени.
Со користење на слики од интернет како груби податоци за да го одредат размерот помеѓу ширината и должината на нивните лица било потврден истиот резултат.
Истражувачите велат дека оваа проценка е поточна за обликот на машкото за разлика од женското лице.
















































