
Со цел да заштедат на време 26% од жените купуваат готова храна.
Едно неодамнешно истражување објавено во Daily Mail покажува дека на вработените жени им остануваат помалку од 30 минути дневно за да се посветат на себе си.
| 55% од жените се во постојана „борба“ со времето |
75 % од жените поминуваат околу девет часа на работното место и повеќе од два часа во завршувањето на домашните обврски (чистење, пеглање, готвење, грижа за децата).
Дури 63% од жените кои учествувале во истражувачките студии откриле дека ги снимаат телевизиските серии кои сакаат да ги гледаат така што ќе ги гледаат без реклами и ќе заштедат на време, но истовремено работат и нешто друго.
Со цел да заштедат на време 26% од жените купуваат готова храна, а 47% се потпираат на машината за миење садови.
NotForMen препорака: Дали живееме во женски свет?
Околу 55% од жените постојано се „борат„ со времето, додека не на сите им успева навреме да ги завршат обврските.
Во просек им останува околу половина час за да се посветат на своите омилени активности, но тоа најчесто се сведува на туширање или подготвување за на работа.
Една третина од жените често се будат навечер загрижени за обврските за утрешниот ден.
















































