
Бидејќи во текот на диетата се изгладнуваат, повеќето од жените многу брзо го враќаат вишокот килограми.
Откако жената ќе ја постигне посакуваната тежина со помош на диетален режим на исхрана таа се раслабува и внесува повеќе храна отколку претходно.
За само три недели по завршувањето на диетата, килограмите се враќаат, а кај 4 од 10 жени дури и се зголемуваат.
Процентот на жени кои ја зголемуваат телесната тежина по периодот на диети изнесува 45%, покажало неодамнешното германското истражување.
Во студијата учествувале над 2 000 жени на возраст од 18 до 65 години кои не биле задоволни од својата тежина поради што биле на константна диета.
NotForMen препорака: Истражувањата велат за диетите...
Поради недоволната едукација, четири од десет жени во постдиеталниот период стануваат уште подебели за разлика пред диетата.
Нутриционистите предупредуваат дека тоа се случува поради нездравите диети, односно недоволната и небалансирана исхрана.
Поради фактот што многу од жените во текот на диетата се изгладнуваат, не треба да е чудно што на крајот се нафрлаат на храната и на тој начин добиваат уште повеќе килограми.
Жените најчесто ја практикуваат диетата пред летото кога ќе се погледнат пред огледалото или кога непријатно ќе се изненадат откако ќе ги прегледаат своите фотографии.
За диета, жените се одлучуваат и по коментарите од партнерот или пријателите. Просечно, диетите траат по 10 денови, додека една од десет жени се откажува дури по првиот ден.
















































