
Посетата на фитнес центарот или ангажирањето околу режимот на исхрана е исцрпувачки и најчесто демотивирачки, сметаат 68% од жените.
Половина од женската популација, односно дури 48 % од жените не се задоволни од сопствениот изглед односно од вишокот килограми, покажа една студија спроведена од страна на француска компанија која промовира производи за губење на тежината.
NotForMen препорака: Факти за вашата идеална тежина
Со годините жените стануваат се поголеми критичари, а тоа може да достигне размери на омраза на сопственото тело.
Повеќе од 1.000 анкетирани жени сметаат дека идеалната фигура бара огромен напор. Само 30% од жените се задоволни од природните предиспозиции на сопственото тело и не им претставува проблем да се потрудат околу линијата.
42% од французинките на возраст од 18-24 години велат дека го мразат сопственото тело, додека истото го мислат 58% од испитаничките на возраст од 50- 68 години.
За повеќето жени од Западна Европа грижата за сопствениот изглед не претставува приоритет. Многу поважно им е сурфањето на Интернет и дружењето преку социјалните мрежи (94%) или готвење или вршење на домаќинските работи (80%).
Посетата на фитнес центарот или ангажирањето околу режимот на исхрана е исцрпувачки и најчесто демотивирачки, сметаат 68% од жените.
















































