T - Home во понеделник 6 јули, ќе ja отвори првата голема MaxTv летна кинотека во Скопје каде ќе се прикажуваат филмски хитови за сечиј вкус. Одличен предлог за поинаква средба со партнерот и пријателките. Купете си пуканки и уживајте во одличниот избор на филмовите под отворено небо.
Освен во Скопје, во периодот од 6 до 20 јули, дел од филмовите ќе се прикажуваат и во Тетово, Струмица, Битола, Прилеп и Охрид. Во Скопје проекциите ќе се прикажуваат на плоштад "Македонија" и во Градскиот парк, позади споменикот Гоце Делчев со почеток во 21: 30 часот. По завршувањето на филмот следат забави со диџеј и многу други изненадувања за присутните. Не пропуштајте, проекциите се бесплатни!













































