
P. Diddy навистина знае како да живее. Хип-хоп ѕвездата воопшто не штеди, тој потроши 3 милиони долари за својот 40-ти роденден. Забавата се одржи во Рајската градина во еден од неговите хотели, хотелот New York's Plaza. Меѓу повеќето холивудски ѕвезди кои присуствуваа на оваа луксузна забава, беа и Јау-Z, Bono, Nely and Denzel Washington...
P. Diddy чие вистинско име е Sean Combs, на својата роденденска журка покани над 500 луѓе за да прослават заедно со него. На забавата се испи многу шампањ и Ciroc водка, омилениот пијалок на P Diddy. Свој приватен перформанс одржа и најпознатиот американски госпел пејач Al Green. Оние кои присуствуваа на забавата изјавија дека P. Diddy бил во топ форма и направил одлична забава.














































