
Amy Winehouse е разочарана од својот љубовен живот. Таа е толку многу опседната со својот бивш сопруг што не може да се концентрира да го сними својот нов албум кој треба да излезе во 2010 година.
Но викендов нејзината психичка состојба се подобри откако повторно го побара Blake Fielder-Civil за сопруг. Таа му рекла дека не може да функционира без него и дека повторно ќе го стави венчалниот пртен што и го подарил. Blake пак, изјавил дека е многу среќен што повторно ќе и се врати на Amy бидејќи и двајцата биле свесни дека биле разведени само на хартија.
До пред некое време, зад Amy Winehouse беше ангажиран цел тим на експерти кои и помагаа да излезе од состојбата во која беше длабоко навлезена со своето здравје. Таа постојано беше под надзор, па дури и кога спиеше и јадеше, се со цел да се контролира нејзиниот здрав начин на живеење, бидејќи како што добро знаеме, нејзиното здравје беше доведено до степен на целосно уништување.


































