
„Те молам" е магичниот, а „брак" е забранетиот збор, ако за тоа го прашуваме Justin Timberlake.Тој пред некое време повторно се смири со својата девојка Jessica Biel, откако се договорија дека таа нема никогаш повеќе да го спомне зборот „брак“. Тие беа во врска скоро две и пол години и досега неколку пати ја раскинаа својата врска бидејќи Jessica едноставно сакаше да се венчаат. Но блиски извори за магазинот OK велат дека Justin, сеуште не е подготвен за брак. Jessica Biel му вети на своето момче дека нема да му врши пристисок за брак и дека ќе чека тој да изрази желба за да го сторат тоа.














































