
Кантри пејачот Keith Urban обожава да си пее по дома со неговата сопруга, актерката Nicole Kidman. Tој вели дека нема ништо послатко од пеењето дует со сопругата. Се што прави таа за него е голема инспирација. Вели дека во иднина сигурно ќе сними дует со Nicole, бидејќи едноставно супер звучат заедно. Но, Nicole не единствениот член од неговата фамилија со кој Keith има желба да соработува во иднина. Тука е и нивната ќерка, која иако има само 16 месеци, сепак покажува особени интереси кон музиката. Тој вели дека често практикува, додека компонира, со неговата ќерка да седне на пијаното и заедно да се забавуваат и да уживаат во „новите ноти".














































