
Зборувавме за тоа како познатите светски ѕвезди уживаат во улогата на амбасадори на добрата волја. Ваквиот тренд го зарази и нашето ѕвездено небо. Нашите актери, пејачи, водители, спортисти...стануваат задолжителни гости на скоро сите хуманитарни активности.
Дани Димитровска, Роберт Билбилов, Бени Шакири, Александар Митевски, Ѓоко Таневски, Влатко Лозановски, овој пат ќе пеат во името на жената.
На 28 ноември, сабота, во 12:00 часот, на улица Македонија - до спомен куќата на Мајка Тереза, ќе се одржи голем настан од забавен карактер со кој ќе се одбележи Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените.
Својата поддршка кон борбата против насилството во домот, ќе ја изразат учесниците во кампањата „Вистинскиот маж никогаш не удира жена".
Присуството на секоја од вас ќе значи побрза еманципација на сите возрасни групи во врска со лошите последици од домашното насилство.














































