
Данскиот супермодел позираше за јануарскиот број на магазинот ELLE, не срамејќи се на јавноста да го покаже своето извонредно тело. Да не беше жива нејзината баба, светот ќе имаше прилика да види многу повеќе отколку нејзината силуета.
„Не се срамам да го покажам своето тело. Ми се допаѓа женската фигура...но, сакам голотијата да биде со вкус", изјави таа во интервјуто за магазинот.
Во 90-сетите, Christensen беше еден од најплатените супермодели заедно со Linda Evangelista, Christy Turlington, Cindy Crawford и Naomi Campbell, со дневна заработувачка од 10.000 долари. Денес покрај моделството, работи како фотограф и има сопствена продавница во Њујорк.














































