
Шпанската актерка Penelope Cruz веќе ја планира својата венчавка со нејзиното момче актерот Javier Bardem. Нивната свадба најверојатно ќе се одржи наредниот месец, а моментално се ангажирани околу купување на фустанот.
Близок извор открива дека, бидејќи и двајцата се од Шпанија, Penelope сака нејзиниот свадбен фустан да го креира Шпански дизајнер. Можеби тоа ќе биде фустан од модната куќа на Balenciaga направен од дизајнерот Cristobal Balenciaga. Овој дизајнер го имаше направено и свадбениот фустан на Selma Hayek, за нејзината свадба со билионерот Francois Henri Pinault.














































