
Минатиот мај, серија од непрофесионални фотографии со девојка која беше повредена по целото лицето, се појавија на интернет. Немаше да се крене голема фама доколку тоа беше некоја друга девојка, а не познатата пејачка Rihanna.
"Кога излегоа фотографиите се чувствував како целата приватност да ми беше одземена, си помислив: Ах, супер, сега веќе не постои ништо што не се знае во врска со мене и мојот приватен живот...беше понижувачки и засрамувачки, посебно кога мајка ми мораше да ги види фотографиите. Таа е моето рамо за плачење. Кога светот е против мене, таа е тука да ме поддржи"- вели Rihanna.
Минатиот февруари, Rihanna беше нападната од нејзиното тогашно момче Chris Brown, во неговото Lamborghini, поради што мораше да помине неколку денови во болница.














































