
Да, Britney нема повторно да прави свадба. Гласините дека таа и нејзиното момче, менаџерот Jason Trawick, ќе се венчаат се потврдија како неточни.
Нивни близок пријател за магазинот People изјавил дека овие информации се 100% неточни и дека никогаш не се случила свршувачката, ниту пак имало предлог за брак.
Britney Spears веќе 6 месеци е во врска со Jason Trawick, нејзиниот менаџер, кој многу често своето слободно време го поминува уживајќи и забавувајќи се со својата девојка и нејзините две деца.














































