
Актерката и кошаркарот снимија сопствена верзија на песна од популарниот мјузикл "Брилијантин".
Со перики на глава и смешна кореографија, ѕвездата на Desperate Housewives и кошаркарот на San Antonio Spur одлучија повторно да ги оживеат познатите ликови од мјузиклот Брилијантин (Grease), Дени Зуко и Сенди Олсон.
Снимката од нивната песна, Parker ја постави на својот сајт, за да ги поттикне навивачите на неговиот тим да учествуваат во наградната игра. Авторот на најдобрата аматерска снимка од мјузиклот ќе освои два билети на негов меч во Сан Антонио.
- Тоа е омилениот филм на Ева, вели Parker во видеото објавено на неговиот интернет сајт.
Сепак, фактот што „Брилијантин" е омилениот филм на Eva, не е причината за видеото во кое двајцата пеат и играат. Во видеото, кошаркарската ѕвезда вели дека тој и сопругата сакаат да ги предизвикуваат фановите да им се придружат со ваквите смешни клипови.
Longoria и нејзиниот сопруг ќе ги погледнат сите испратени клипови кои ќе пристигнат до 31-ви јануари, а потоа победникот ќе го донесат во Сан Антонио, Тексас, за да го гледаат Паркер како игра за San Antonio Spur.


































