
Според последните гласини, Katie Holmes и Tom Cruise планираат да го прошират своето семејство
Според последните гласини, Katie Holmes и Tom Cruise планираат да го прошират своето семејство. Наводно, Katie Holmes веќе ја започнала подготовката според прописите на сциентологијата.
Според веб страницата на сциентологијата, верниците веруваат дека здравјето и постоењето на детето започнува уште пред неговото раѓање, од тие причини мајките се должни да започнат сциентолошки третман уште пред зачнувањето на детето.
Но ова не е прв пат, Katie Holmes да подлежи на ваков специјален третман. Минатата година таа го проба таканаречениот „Scientology Sparkle" третман што подразбираше детоксикација на организмот, консумирање големи дози витамини и релаксација во сауна секој ден.
Како дел од третманот, Katie, два дена уживаше во Tokyo Ritz Carlton спа центарот, одлучувајќи се за масажа со топли камења, маникир, педикир и ревитализација на кожата на лицето.


































