
Terius Hagert Youngdell Nash со сопругата Christina Milian
Пејачката Christina Milian, во петокот се породи со своето прво дете. Ќеркичката се вика Violet, изгледа одлично, а интересно е тоа што се родила со целосно порасната коса.
Бебето Violet, иако се уште не е свесно за своето постоење, веќе има свој автомобил. Нејзиниот татко, познат како The Dream (вистинско име - Terius Nash) го купи ваквиот екстравагантен подарок уште пред бебето да дојде на свет.


































