
Постер од спотот на Shakira и Rafael Nadal
Барајќи атрактивен дечко за новиот видео спот, Shakira појде на тениските терени и го грабна, ни помалку ни повеќе, туку тенискиот ас Rafael Nadal.
Шампионот во тенис, моментално рангиран на 3 место во светот, го покажа своето атрактивно тело, милувајќи се со пејачката, во нејзиното ново видео за песната „Gypsy."
ЗОШТО SHAKIRA СЕ ОДЛУЧИ ТОКМУ ЗА НЕГО?
Помислив дека треба да најдам човек со кој ќе можам потполно да се идентификувам. Rafael Nadal, е потполно посветен на својата кариера, уште од својата 17-та година е постојано на пат, нешто слично како мене - изјави пејачката за Latin American Herald-Tribune.
ШТО ВЕЛИ NADAL ЗА НОВОТО ИСКУСТВО?
Снимањето на спотот беше навистина одлично искуство, уживав и се забавував целото време. Со оглед на тоа што имав малку слободно време, не смеев да дозволам да пропуштам ваква прилика. Shakira, како и секогаш, беше спектакуларна. Работејќи со толку шармантна жена, не е ни чудно што времето буквално ми летна - изјави тенисерот.


































