
Восочната фигура на Rob Pattinson ќе застане покрај Brad Pitt, Johnny Depp, Marilyn Monroe, Victoria Beckham...
Милиони фанови ќе имаат прилика да го видат Robert Pattinson, но само како восочна фигура.
Актерот од Twilight, е актуелната ѕвезда што ќе биде почестена со своја восочна фигура и тоа во двете познати локации на музејот Madame Tussauds, Лондон и Њујорк.
Тимот што работи на фигурата изјави дека биле студирани илјадници фотографии и видеа од актерот, се со цел да се долови неговиот карактеристичен поглед и неговиот заштитен знак, неодоливата насмевка.


































