6 ОСКАРИ ЗЕДЕ HURT LOCKER

Апсолутен победник со 6 освоени оскари, за најдобар филм, најдобар режисер, најдобро оргинално сценарио, филмска монтажа, тон и тонска монтажа, е воениот филм The Hurt Locker. Со тоа Kathryn Bigelow стана првата жена во историјата што освоила награда за најдобар режисер. Но, како тоа да не беше доволно па нејзината победа значеше и пораз за нејзиниот екс сопруг James Cameron, режисерот на Avatar.
3 ОСКАРИ ЗА AVATAR
Иако имаше ист број на номинации со Hurt Locker, фаворитот Avatar освои оскар за специјални ефекти, камера и уметнички дизајн.
НАЈДОБАР АКТЕР

Оскарот заврши во рацете на Jeff Bridges за филмот Crazy Heart.
НАЈДОБРА АКТЕРКА

Sandra Bullock за филмот The Blind Side, со тоа стана единствената актерка што во исто време е прогласена за најдобра и најлоша актерка (во саботата ја освои наградата Златна Малина).


































