
Актерката Eva Longoria и Sean Hayes во улога на презентери на доделувањето на Guild наградите
Ѕвездата од хит серијата Will and Grace, Sean Hayes ќе се најде на насловната страна на магазинот The Advocate, каде во специјалното интервју признава дека е хомосексуалец. Актерот никогаш јавно не проговори за својата сексуална ориентација, барем додека беше актуелен со улогата на хомосексуалецот Jack.
Иако во интервјуто официјално не ја откри личноста со која излегува, сепак потврди дека постои некој.
АКТЕРОТ ВОДИ МИРЕН ЖИВОТ...
Времето го делам со посебна личност...тоа е се што ми треба. Не работам ништо особено, мојот живот наликува на 85 годишен старец. Смирен сум, тивок и тоа е фантастично.


































