Свој Аватар си доби пејачката Amy Winehouse, Susan Boyle, Peter Andre... Но, овој пат виновен за новите Аватари не е James Cameron, тие се производ на 22-годишниот студент од Сан Франциско, Robert Paulson.
Фотографиите се направени во Photoshop и ако за првата му требале цели 4 часа, сега ги изработува за помалку од 2. Неговата колекција на познати Аватари се состои од 100 парчиња.
Иако опседнат со ликовите од филмот, сепак студентот признава дека Avatar не бил негов фаворит за Оскар. Тој смета дека Оскарот го заслужува филмот District Nine.


































