
Изгледот на Lady Gaga во новиот спот за песната Telephone
Полициски траки на кои пишува Crime Scene - Do Not Enter, тоа ќе послужи како облека за Lady Gaga во нејзиниот нов спот за песната Telephone (новиот сингл од албумот Fame Monster).
Видеото трае речиси 10 минути, а го режираше Jonas Aklerlund кој исто така го работеше и спотот за песната Paparazzi.

Beyonce во новиот спот на Lady Gaga
Во спотот се појавува и Beyonce, облечена во војничка модерна јакна, жешки панталони и уникатни високи потпетици.

Во една од сцените, Gaga изгледа како Madonna со коса собрана со лименки
После толку фама, конечно во Петок, видеото ќе ја доживее својата премиера на сајтот на пејачката, www.ladygaga.com.














































