
До крајот на годината, Robert Pattinson планира да сними албум.
Атрактивен вампир, па сега и пејач...Robert Pattinson навистина сака да збудали женскиот род. Актерот од Twilight сака да издаде албум во 2010, но тоа ќе значи пауза од филмската кариера - информација што не им се допадна на фановите.
ROBERT PATTINSON Е ЉУБОМОРЕН НА ПРИЈАТЕЛИТЕ ШТО СНИМААТ АЛБУМИ!
До крајот на оваа година сакам да имам свој албум. Сите мои пријатели се заглавени во студио и снимаат, тоа почна страшно да ме нервира. Но не можам да работам две работи одеднаш. Не знам како и успева на Jennifer Lopez да пее и да глуми истовремено и колку тоа им се допаѓа на луѓето, но јас едноставно не сакам да се форсирам.
Актерот уште минатата година изјави дека сака да проба и во музиката, но филмската улога во Twilight беше причина да го паузира планот.














































