
Мајката на седум годишниот Ryder вели дека во моментот, бракот не е она што таа го бара.
Актерката Kate Hudson не планира да се венча со сегашното момче, фронтменот на групата Muse, Matt Bellamy, но не се противи на тоа да биде нечија сопруга повторно.
Разводот од Chris Robinson во 2007 година не ја заплаши.
Мајката на седум годишниот Ryder вели дека во моментот, бракот не е она што таа го бара. „Разводот не ме разочара. Ќе видиме што ќе се случи. Не брзам никаде. Мислам дека многупати луѓето се плашат од љубовта и не си дозволуваат да ја искусат. Јас не сум таква. Верувам во љубов. Верувам дека кога вистински ќе и се отвориш на љубовта, тоа ќе биде најпрекрасното нешто што ќе го искусиш."


































