
„Напишав песна за Taylor Swift што е многу убава и сакам да ја има. Ако не сака да ја земе, јас ќе ја изведам во нејзино име. “
Помина речиси цела година откога раперот Kanye West ја уништи победата на Taylor Swift за најдобро видео на 2009 MTV VMAs.
Тој веќе се извини на својот блог, но исто така напиша и песна за извинување.
„Напишав песна за Taylor Swift што е многу убава и сакам да ја има. Ако не сака да ја земе, јас ќе ја изведам во нејзино име. Таа немаше никаква врска со моите проблеми на доделувањето на наградите. Таа не ни знаеше што ја снајде. Таа е само млада девојка со соништа како сите ние. Таа најмногу заслужува извинување. Затоа, извини Taylor."


































