
„Ах, ќе мора да зборувате со мојата сопруга за тоа.“
Бекот Tom Brady беше критикуван изминатава година за неговите долги локни. Соиграчите се забавуваа на сметка на неговата фризура, како и спортските коментатори и фановите. Но која го ставија на жешкото столче за неговата коса во една радио програма, тој изјави: „Ах, ќе мора да зборувате со мојата сопруга за тоа.“
Сега, Gisele Bundchen инсистираше дека тоа не е точно. Таа им кажа на новинарите во понеделникот дека фризурата на Tom е лично негов избор. Gisele инсистираше: „Тој прави што сака. Го сакам без разлика на се... со долга коса, ќелав или дебел. Се е тоа добро.“
Па дали Brady правеше неинтересна шега или пак Gisele се засрами да биде водечка сила на фризурата на нејзиниот сопруг не можеме да знаеме.












































