
Kate како млад моден лидер е очигледен избор.
Веќе ја знаете фразата: „допирот, чувството на памукот, материјалот на нашите животи.“ Испеана е многу пати до сега, а сега нова старлета ќе го земе приматот во познатите тонови.
Kate Bosworth е именувана за новото лице на Cotton Inc, групата која ги претставува американските производители и увозници на памук.
Во минатото дел од ова беа Zooey Deschanel и Miranda Lambert. Но за разлика од останатите, Kate не е пејачка и ова ќе биде нејзиното официјално деби.
Причината за промена во организацијата е потребата од помодерна слика. Kate како млад моден лидер е очигледен избор.












































