
Косата и шминката на Dita беа беспрекорни, како и секогаш, а нејзините ретро бранови одлично прилегаа со црвените усни.
Сериозно се наметнува фактот дека Холивудските дами избираат смели светли бои за оваа пролет. Вчера Christina Ricci не изненади во Dolce & Gabbana, а денес не можеме да ги оттргнеме очите од Dita Von Teese во црвениот фустан на Roland Mouret!
Таа е заблежана при заминувањето од the Wendy Williams Show во секси издание со нејзините секогаш заводливи локни.
Рафинираната модна дама го искомбинира својот фустан со богати сатенски чевли, со кристален брош во форма на цвет и нејзиниот препознатлив знак – очилата за сонце. Косата и шминката на Dita беа беспрекорни, како и секогаш, а нејзините ретро бранови одлично прилегаа со црвените усни.
За жал на обожавателите на овој фустан да ве известиме дека тој не е на продажба. Dita на својот профил напиша дека тој бил дизајниран пред неколку години.
Но сепак сигурно ја обожавате оваа дива која знае да прокопа низ својот плакар и да го пронајде совршеното парче, без разлика колку е старо.












































