
Фустанот имаше уникатен преден и заден дел слободно пуштен, кои од страните ја откриваше неговата внатрешност.
Модерната и минималистичка мода е на тенка линија меѓу брилијантноста и досадата. Многу пати таа избледува, но имињата на брендови како Cushnie et Ochs постојано му даваат нов живот на овој стил.
На скорешната премиера на Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides, Eva Longoria ја покажа естетиката на овој бренд со уникатен бел фустан.
Фустанот имаше асиметрични краеви, со десната страна подоминантна од левата. Исто така фустанот имаше уникатен преден и заден дел слободно пуштен, кои од страните ја откриваше неговата внатрешност.
Коралните чевли Brian Atwood на целиот нејзин изглед му ја дадоа потребната доза боја, додека нежните локни и дадоа свежа младешка нота.












































