
Тешко е да се носи бел фустан на црвениот тепих, а да не изгледате како невеста од модните писти.
Не е лесно да се избере само еден пример да убаво средена жена од Cannes Film Festival, но Uma Thurman како сама да се издвои од толпата. Таа изгледаше апсолутно прекрасно во бел фустан Versace на премиерата на Midnight in Paris.
Тешко е да се носи бел фустан на црвениот тепих, а да не изгледате како невеста од модните писти, но за Uma тоа дефинитивно не беше проблем.
Белиот фустан во пределот на деколтето е во форма на срце и перфектно прилега на телото. Разиграните делови на здолништето и дадоа драматичен изглед, додека смелиот шлиц додаде доза на сексапил и направи овој фустан да не изгледа како венчаница.
Ова парче беше малку модифицирано од модните писти и исечоците од напред беа отстранети. Но за среќа детаљот на грбот беше задржан.
Предизвикувачките обетки во боја на зелен жад и сандалите Jimmy Choo беа последниот дел од овој беспрекорен пакет.















































