
Рафинираноста на ѕвездите, како на пример Selena Gomez and Taylor Swift, додаде гламур на цел овој настан.
Оваа година манифестацијата Billboard Music Awards 2011 беше вистински хармоничен спој на музиката и модата. Рафинираноста на ѕвездите, како на пример Selena Gomez and Taylor Swift, додаде гламур на цел овој настан.
Вечерните тоалети, па и одличниот моден спој за на сцената на Justin Bieber повторно пријатно изненадија, но сето тоа беше зачинето и со по некоја специфична комбинација.
Fergie во кожен фустан Herve Leger со инспиративна линија кај деколтето. Овој специфичен изглед го надополнија црните високи потпетици Christian Louboutin.
Rihanna се одлучи за минималистички изглед во бело жешко Max Azria одело. Нејзината интензивно црвена коса, додаде боја на нејзиниот изглед додека пак Christian Louboutin чевлите ја истакнаа нејзината силуета.
Погледнете ги преостанатите комбинации.















































