
Lohan се изјасни за невина по обвинувањата за кражба во фустан Kimberly Ovitz.
Lindsay Lohan го менува својот изглед секој пат кога ќе се појави во судницата, што за просечна старлета е премногу често. Таа поминува многу време во судницата во јужна Калифорнија, па затоа и се труди да изгледа прекрасно додека е таму.
Во мај 2010 таа се појави со малку светкаво одело, можеби со намера да го импресионира судијата, но сепак треба да подразмисли подобро за изборот на боја на коса.
Lindsay блесна со еден од најтренди изгледите во септември 2010. Во судницата во Santa Monica се појави во интересна летна комбинација, зачинета со пар авијатичарки очила.
Lohan се изјасни за невина по обвинувањата за кражба во фустан Kimberly Ovitz. Таблоидите нашироко пишуваа како белиот фустан требало да даде порака „Не сум виновна“.
И конечно кога актерката беше слободна да си оди, таа падна на тестот за алкохол во јуни 2011 и беше вратена назад во судницата. Овој пат таа изгледаше поконзервативно од било кога, во класични панталони, кошула и едноставни чевли.
Што се обидува да докаже овој пат?
Која од овие комбинации во се допаѓа најмногу?















































