
Способността да меша висока и улична мода во беспрекорни комбинации и создадоа обожаватели на секое делче од глобусот.
Стилот на Olivia Palermo инспирирал десетици блогови. Покрај улогата на не толку фина личност во The City, нејзината способност да меша висока и улична мода во беспрекорни комбинации и создадоа обожаватели на секое делче од глобусот.
Сега, луѓето кои сакаат да се инспирираат од нејзиниот единствен изглед нема потреба повеќе да се мачат да пронајдат каде таа ги купила парчињата, таа основа свој блог!
Да, Olivia изјави за WWD дека нејзиниот најнов проект е лансирање на моден сајт каде таа ќе дели модни совети на нејзините многубројни следбеници.
Проектот е планирано да се лансира летово, иако тука се и нејзините други проекти, како нејзината модна линија и реалното шоу, кои со нетрпение ги очекуваме. Но сајтот бара многу помалку вложување за разлика од останатите, па затоа го очекуваме наскоро.
Уживајте во нејзиниот уникатен стил.















































