
Парфемот на Kate Perry е во шишенце во форма на маче.
Сакате да мирисате како ѕвезда? Сите сакаме да го поседуваме гламурот на Jennifer Lopez, енергијата и темпераментот на Katy Perry или рок стилот на Gwen Stefani. Речиси сите ѕвезди овие особини ги преточија во шишенца парфем.
Најразлични мирисни ноти, и уште покреативни шишенца. Ова е најновата колекција на неодоливите парфеми на славните:
Beyonce ви го претставува парфемот на огнот во кој топлината ја нагласува со мирисни ноти на ванила, магнолија и арома на алмондово дрво. Според извршниот директор на WWD Macy, таа поседува голем потенцијал да направи мега популарен бренд од парфемот. Не постои жена која не сака да изгледа како Beyonce, а исто така и да мириса како неа.
Мирисниот потпис на Katy Perry е создаден од мирисни ноти на праска, јаболка, ванила, цветови од јасмин и сандалово дрво. Со шишенце во форма на маче, парфемот е инспириран од жени кои не се плашат да ги зграпчат животот во своите канџи.
Eva Longoria Parker тврди дека доживотно ќе има алергија на сите парфеми, што било инспирација да создаде личен парфем кој го нарекува парфем на денот за свежо чувство.
Погледнете ги останатите славни личности кои имаат свој парфем.















































