
Британската актерка Kate Winslet секогаш говори дека пластичната хирургија е против нејзиното воспитување и природната и убавина е она што треба да биде на цена.
Голем број холивудски ѕвезди признаваат дека посетуваат скапи козметички третмани, но многу од нив јавно ветиле дека никогаш нема да се подложат на лифтинг, ботокс, липосукција, силикони во градите и слично.
Тие говорат против оние кои имаат опсесија со совршена слика. Луѓето кои изгледаат премногу совршено не изгледаат секси или посебно убаво. Тоа е промоција на несигурноста во форма на пластична хирургија.
Една од најгласните противнички на овој тренд е Julia Roberts, која за магазинот Elle во една пригода во 2010 година изјави: „Сакам моите деца да видат кога сум лута, среќна или збунета“.
Британската актерка Kate Winslet секогаш говори дека пластичната хирургија е против нејзиното воспитување и природната и убавина е она што треба да биде на цена.
Susan Sarandon практикува козметички третмани, но е гласен поборник против ботоксот бидејќи таа има потреба од лице кое мрда. За магазинот People изјави: „Имам предност што сум единствената која изгледа како да има 60 години. Сите други изгледаат многу помлади и токму затоа најверојатно ќе ги добијам сите тие улоги.“















































