
„Досега не сум видела девојка која изгледа лошо со црвен кармин, ако тоа го направила на вистинскиот начин.“
Со кожа бела доволно да му се спротивстави на Снешко, Dita Von Teese е неофицијален портпарол на кремите со заштитен фактор од сонце.
Пркосејќи му на лажно испечениот тренд, Dita не само што изгледа како порцеланска кукла туку ја штити и својата кожа со рутината за нега. И без разлика дали завршува некои обврски или настапува на сцена, неа нема да ја видите без црвен кармин на усните. Тоа е нејзиниот заштитен знак!
За магазинот People, Dita Von Teese открива:
Никој не може да го негира беспрекорниот сјај на вашата кожа...
„Обично купувам продукти со заштитен фактор (SPF) од Јапонија бидејќи тие ги произведуваат дефинитивно најдобрите. Исто така ја обожавам „Dior Snow UV protect“ шминката, таа е нежна и светла и има висок SPF.
Покрај на квалитетна шминка, најдобро потрошени пари се оние за посета на дерматолог. И тоа не кај некој ботокс-цар, туку вистински доктор кој ми помага со сите проблеми со кожата без притоа да сака да ми продаде скапи ласерски третмани. Исто така ми посочува соодветна хидратантна крема.“
Шапките се многу често дел од вашиот стајлинг...
„Шапките се мојот омилен начин на спојување на гламурот и функционалноста. Ме штитат од сонцето, кое еднаш ми направи навистина лоши изгореници, а покрај тоа од тогаш постојано имав кошмари дека мојот тен потемнел. Не се шегувам.“

Освен Gwen Stefani тешко е да пронајдете некој поквалификуван од вас за вистинската нијанса на црвен кармин.
„Треба навистина да експериментирате со различни марки и ќе видите колку многу нијанси на црвен кармин постојат. Не мора да се одлучите за огнено црвена, пробајте како ќе одговара на вашиот тен боја на вишна или пак смирена црвена.
Досега не сум видела девојка која изгледа лошо со црвен кармин, ако тоа го направила на вистинскиот начин.
Прелистајте ги списанијата, најдете позната личност на која личите и украдете го нејзиниот избор на црвен кармин, сите од нив имаат ставено таков, најмалку во една пригода.“















































